Тројца загинати при судар на два автомобили и ученички автобус во Полска

Тројца мажи загинаа, а 10 деца се повредени денеска во Полска, при судар на два автомобили и автобус, што превезувал 32 ученици на возраст од 10 до 12 години.

Како што соопшти портпаролот на полицијата Рафал Мелник, несреќата се случила северно од градот Олштин.

Според Мелник, тројцата загинати мажи патувале со автомобилите, додека повредените деца се здобели само со модринки.