Трофејот од ЛШ недоволен Реал да биде прв на ранг листата

И покрај освојувањето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид се најде на второто место во рангирањето на европските клубови на компанијата „Gracenote“, која се занимава со проучување на резултатите на домашна и меѓународна сцена.

Реал ко во саботата по 13. пат во историјата и трет пат по ред стана европски шампион е втор на листата со 4.190 поени.

Пред „Кралскиот клуб“ е големиот ривал Барселона со 4.333 која во сезоната 2017/18 ја освои Примера и Копа дел Реј.

Во ТОП 10 уште се: Баерн Минхен (4.052), Јувентус (4.036), Манчестер Сити (3.852), ПСЖ (3.849), Атлетико Мадрид (3.798), Наполи (3.542), Тотенхем (3.540) и Манчестер Јунајтед (3.528).