Тропска бура однесе 200 животи на Филипините

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на Филипините предизвикани од тропската бура Тембин достигна 200 жртви, соопштија локалните власти.

Најмногу загинати – 127 лица има во провинцијата Северен Ланао, додека на јужниот остров Минданао 69 лица се водат како исчезнати. Другите жртви, исто така, се на островот Минданао.

Тропската бура го погоди јужниот дел на филипинскиот архипелаг вчера, а брзината на придружните ветрови достигна 105 километри на час.