Три лица претепаа маж во неговата куќа во Скопје

Три лица синоќа нападнале маж во неговата куќа во Скопје, при што му нанеле повреди на телото, соопшти МВР.

Инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот во куќата на 37-годишниот Д.С. на улица „Радишани“ во Скопје. Три лица со возило „Опел Вектра“, од кои едниот бил идентификуван како Д.Т. од Петровец со дрвени стапови ја оштетиле вратата и прозорците, по што влегле внатре и физички го нападнале Д.С. и му нанеле повреди по телото.

Напаѓачите побегнале од местото, а Д.С. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Д.Т. бил приведен во полициската станица Кисела Вода.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.