„Трио Покрет“ од Србија на Есенските музички свечености


Во организација на Дирекцијата за култура и умтеност – Скопје во соработка Српскиот културен центар „Спона“ и во рамки на 18. Есенски музички свечености, вечер од 20 часот во фоајето на Македонската опера и балет ќе настапи „Трио Покрет“ од Србија.

Концертот е насловен „Динамика на движењето“. „Трио Покрет“ го сочинуваат: Мадлен Стокиќ Васиљевиќ на виолина,

Милош Николиќ на кларинет и Маја Михиќ на клавир.

„Трио Покрет“ е основано во 2010 година и изведува дела од современи српски композитори.

– Соработката со најеминентните српски композитори за време на седумгодишното постоење на овој ансамбл направи мал пресврт во пристапот кон современата музика и нејзиното делување врз широката публика, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.