Тримесечно бебе загина во собраќајка кај Кичево, петмина се повредени

Тримесечно бебе го загуби својот живот, а пет лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, потврди полицијата за Независен весник.

Несреќата се случила во 17:20 часот меѓу две патнички возила и едно товарни возило. Повредените лица се префрлени во медицинскиот центар во Кичево.

Сообраќајот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод меѓу селата Србјани и Староец се праносчува по алтернативен пат.

Како што информираше АМСМ, сообраќајот е во прекин и се пренасочува од 17:50 часот поради случена сообраќајна незгода.