Трикови за да не се здебелите на празници

Новогодишните и божиќните празници се она време од годината кога повеќето луѓе престануваат да се грижат за калориите и се препуштаат на уживање во богата трпеза, и подоцна зажалуваат. Ладното време дополнително депримира и во таков период на човек му е најмалку до вежбање, а анјамногу до – прејадување.
Но, нутриционистите нудат решение како и во Новата Година да влезете неоптоварени со вишок калории и да не дозволите да се здебелите за само една недела празници.
Ова се десет испробани трикови:

1.Изберете омилена храна
За празниците не морате да изедете баш се што ќе се најде на трпезата. Изберете ја храната што најмногу ја сакате. Така ќе покажете дисциплина, а нема да се откажете од нешто што ви е вкусно. Знајте колку ви е доволно.

2. Знајте колку ви е доволно
Обратете внимание на тоа што организамот ви го кажува. Немојте да одите до фрижедер само од досада, а изедете онолку колку ви е доволно.

3.Држете ги слатките подалеку од вид
Нутриционистите тврдат дека штом ќе видиме храна добиваме желба да јадеме, без разлика дали сме гладни или не сме. Затоа, немојте во видно поле да држите вишок на храна, и држете се до старата поговорка: подалеку од очи, подалеку од срце (желудник).

4. Половина чинија овошје
Заменете две парчиња месо или половина чинија тестенини со половина чинија зеленчук. Наместо торта, каснете овошје. На овие правила треба да се придржувате цела година, а не само за празници, бидејќи тоа е најлесен начин да се изгуби вишокот килограми.

5. Движете се
За празниците можете да се активирате на многу начини – да помагате во кујната, да појдете да купите намирници или подароци. На почеток на неделата можете да одредите денови во кои ќе вежбате, што може да значи и прошетка, возење точак, пилатес или тренинг во теретана.

6. Да остане претпразничната тежина
Знаеме дека за празници е многу тешко да се изгубат килограми, но секако ќе бидете задоволни ако вагата покаже ист број килограми како и пред празниците.

7.Пијте вода
Дехидрираноста знае да даде чувство на глад. Ако се чувствувате гладни, прво напијте се малку вода или чај. Подоцна ќе каснете малку.

8.Ограничете го алкохолот
Алкохолот може да отвори апетит, а самиот содржи доста калории. Бирајте нискокалорични пијалоци, како што се бело вино или шампањско. Ако испиете помалку, поголеми се шансите дека утре ќе бидете подготвени за вежбање. Мамурлакот ве тера да изедете уште повеќе и долго да се излежувате во кревет.

9.Наспијте се
Неретко празниците прават и стрес, а стресот можете да ги ублаќите ако добро се наспиете. Недоволен сон ќе ве тера повеќе да јадете.

10.Уживајте
Сите овие правила на нутриционистите ќе ви помогнат што полесно да ги преживеете празниците. Најважно е да ви биде забавно и да уживате со драги луѓе.