Триесет и четиригодишен маж падна од трети кат

Маж на возраст од 34 години вечерва на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир паднал од третиот кат од зграда.

Според неофицијални информации станува збор на лицето Ф.Ш., кој по падот веднаш бил пренесен на Ургентен центар.

Полицијата врши увид на местото на настанот.