Трето, па машко: Се породи Кејт Мидлтон

Англија– Кралското семејство се израдува на приновата. Војвотката од Кембриџ роди здраво машко дете во болницата Сент Мери во Лондон, каде се породи и минатите два пати. Принцот Вилијам присуствувал на породувањето. Двојката се уште не знае како ќе го крсти новородениот син, изјавија од палатата „Кесингтон“.

Пред болницата уште рано изутрината се собираа фановите на кралското семејство во исчекување на новото кралско дете.

Третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе биде петто во редот за наследство на кралската круна.

Обложувалниците најголеми шанси им даваат на имињата Алис, Мери, Александра, Елизабет доколку биде девојче, а Артур, Алберт, Фредерик и Џејмс за момче.

Дека кралскиот пар очекува трето дете, јавноста дозна во октомври минатата година. Првата бременот беше објавена кога Кејт беше само неколку недели во бременост, откако беше примена во болница во декември 2012 година.

Малиот принц Џорџ е роден на 22 јули 2013 во болницата Сент Мери во центарот на Лондон. Втората бременост беше објавена во септември 2014 кога војвотката по неколку мачнини беше третирана во палатата. Принцезата Шарлот е родена на 2 мај 2015.