Тренерот на Хабиб: Чекаме натпревар со Мејведер

Шансите на Хабиб Нурмагомедов да излезe на боксерскиот ринг против Флојд Мејветер се зголемува. Ова го сподели еден од тренерите на борецот од Дагестан, Хавиер Мендеш.

Четириесет и едно-годишниот Мејведер се откажа официјално од боксот минатата година, кога го порази во десеттата рунда Конор Мекгрегор во бокс натпревар. Американскиот борец сепак се врати во рингот и го нокаутира јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава на крајот на 2018-та година.

Претходно пак и менаџерот на Хабиб – Али Абдулазиз се довери дека Мејведер се согласил оваа борба да се одржи и да се водат преговори. Тоа е она што доведе до изјавата на Мендес, кој зборуваше пред англиските медиуми.

– Борба со Флојд е можна, многу е можна. Јас нема да бидам изненаден ако се случи наскоро. Не можеме да се бориме со најголемиот боксер на сите времиња со правилата на УФЦ, бидејќи ќе ги прекршиме правилата и ќе не дисквалификуваат. Верувајте дека ако се случи таков натпревар, Хабиб ќе излезе и ќе се бори до крај. Знам дека можеме да го направиме тоа. има некои разговори, но на кое ниво стигнаа – немам идеја, рече Мендеш.

Оваа недела пак 30-годишниот Хабиб Нурмагомедов исто така изрази интерес кон боксерски натпревар со Флојд Мејведер, верувајќи дека има физичка предност пред американскиот боксер.

– Тој е веќе стар. Знам дека ќе биде многу тешко за мене, но ќе се борам како млад лав против него. Колку е стар? 41 или 42 … Тој е големо име во спортот, а ако можеме да се соочиме против него, зошто да не? Многу луѓе не знаат дека возраста во овие спортови е многу важна. Тие мислат: „О, тоа е Флојд, тој ќе победи“ или „Конор е тука и тој ќе победи“. Тие не разбираат како се чувствуваш, кога си внатре. Ова ќе е неверојатен натпревар од секој можен аспект – за мојата иднина, за афирмацијата, за парите, за навивачите, за сите, сподели пак Хабиб Нурмагомедов.