Тревога на аеродромот во Берлин

На аеродромот „Шенефилд“ во Берлин забележан е маж со елек од кој висат жици, поради што е алармирана полицијата.

– Забележан е маж кој носи елек од кој висат жици. Исто така тој носи и голем багаж. Специјалните единиците почнаа истрага. Поради тоа затворени се паркингот, алпската куќа и подвозникот, објави германската полиција на Твитер.

Германската полиција по апсењето на сомнителен маж соопшти дека нема опасност за луѓето на берлинскиот аеродром „Шенефелд“.

– Во овој момент нема опасност по луѓето на аеродромот „Шенефелд“, објави полицијата на Твитер.

Елекот што го носеше приведениот е испратен на испитување.

Но, се уште не е познат идентитетот на приведениот маж.