Трамп ја објави стратегијата за безбедност – Америка на прво место

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска нова национална стратегија за безбедност со порака дека САД ќе следат доктрина со која Америка е на првото место.

Трамп оцени дека Кина и Русија се ревизионистички сили и конкуренти кои настојуваат да ја оспорат моќта на САД и да ја поткопаат американската безбедност и просперитет.

– Тие (Русија и Кина) се одлучни во тоа економиите да ги направат помалку слободни и помалку праведни, да им јакнат армиите, како и да контролираат информации и податоци за да извршат репресија над нивните општества и да шират влијание – нагласи американскиот претседател.

– Америка е во игра и Америка ќе победи – рече Трамп.

Стратегијата на Трам се фокусира на заштита на државата вклучувајќи изградба на ѕид на јужната граница и преземање други чекори по прашањата за имиграцијата.

Тој повика на промовирање на просперитетот на САД, мирот и ширење на влијанието на САД. Потенцираше дека САД ќе соработуваат со сите држави „на начин што ќе ги штити нашите национални интереси“.

Стратегијата е производ на повеќемесечни анализи на претседателот на САД и неговите главни советници.