Трамп: Ѕидот на границата со Мексико ќе биде прекрасна уметничка челична конструкција

Ѕидот што американскиот претседател Доналд Трамп има намера да изгради на границата со Мексико, за да спречи илегалните мигранти да навлегуваат во САД, ќе биде убава „уметничкото стилизирана“ челична конструкција, рече американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

„Демократите се гласни и јасни дека не сакаат да изградат бетонски ѕид. Но ние нема да изградиме бетонски ѕид, ќе градиме челична конструкција со уметнички облик, која ќе претставува прекрасен призор. Ќе биде убава и, во исто време, ќе ѝ даде на нашата земја безбедност која нашите граѓани заслужуваат“, рече американскиот претседател.

Претходно, еден од клучните советници на Трамп, Стивен Милер, изјави во интервју за телевизијата Си-би-ес дека претседателот е подготвен на сè, вклучувајќи и на делумно запирање на работата на владата во името на финансирањето на ѕидот на границата со Мексико.

Трамп од Конгресот на САД бара 5 милијарди долари за изградба на ѕидот, но демократите одбиваат да обезбедат таква огромна сума. Тие се согласуваат само за 1,3 милијарда долари.