Трамп категорично ги отфрла тврдењата на порно актерката Сторми Даниелс
Претседателот на САД Доналд Трамп ги отфрла „јасно и гласно” тврдењата за негова поврзаност со порно актерката Сторми Даниелс. Ова го соопшти вечерва портпаролот на Белата куќа Раџ Шах.
– Велам дека претседателот ги отфрла цврсто, јасно и недвосмислено таквите тврдења, рече портпаролот.
Запрашан за обвинувањата за кршење на Законот за финансирање на политичките кампањи, за да биде купено молчењето на актерката, портпаролот на Белата куќа изјави: „Белата куќа нема за што да се критикува”.
Истовремено телевизија Си-Би-Ес, изјави дека нејзината емисија „60 минути”, со интервју на Сторми Даниелс привлекла рекордна гледаност. Интервјуто во кое порно актерката зборува за наводна сексуална средба со Трамп пред 12 години и за последиците од неа, го гледале 22 милиони гледачи.