Трамп и Путин се сретнаа на Самитот на Г-20
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имаa куса средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков и додаде дека и тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.
„Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите“, наведе Ушаков, но посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.
Американскиот претседател вчера изјави дека решил да ја откаже планираната средба со неговиот руски колега Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес, поради инцидентот со украинските бродови во близината на Крим.
„Тоа беше единствената причина“, изјави вчера Трамп во Буенос Аирес.