Трамп и Меј: Потребно е разбивање на шпионска мрежа на Русија во Велика Британија и САД

Претседателот на САД Доналд Трамп  денеска телефонски разговараше со британската премиерка Тереза ​​Меј во врска со протерување на руски дипломати од двете западни земји како одговор на труењето на поранешниот руски шпион во Англија, соопшти Белата куќа.

– Двајцата лидери се согласија за потребата од разбивање на шпионска мрежа на Русија во Велика Британија и САД, од ограничување на руските нелегални активности и од спречување на хемиски напади на териториите на двете земји, се вели во соопштението.