Готов токсиколошкиот извештај: Ентони Бурден не бил дрогиран ниту пијан кога се самоубил

САД– Не се пронајдени дроги, алкохол, лекови ниту токсични супстанци во неговото тело кога е пронајден мртвов, го пренесува „Њујорк тајмс“  извештајот на француските патолози.

Бурден е најден мртов во својата хотелска соба на 8 јуни во мало селце во Франција додека ја снимал емисија за „Си-Ен-Ен“. Полицијата заклучи дека се работи за самоубиство со бесење.

Бурден ја прескокнал вечерата ноќта пред да го најдат неговото тело. Кога не се појавил ниту на доручеко,т рецепционерот ја проверил неговата соба и го нашол.

Кремиран е во Франција а неговите останки се испратени на неговиот помал брат во САД, Кристофер.

Пред да почине, Бурден беше во врска со италијанската актерка Азија Арџенто.