Токсикологија: Првпат немаше пијани под 15 години

За време на новогодишната ноќ, 27 лица ја посетија Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар. Најмладото лице имало 16 години, изјави денеска Нико Беќаровски, директор на Клиниката.

Тој изрази задоволство дека за прв пат по долго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години. Немало и лица предозирани со психо-активни супстанци.

Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои четворица со поблаги форми на повреда поради тепачки.

На Хирургија исто така пристигнале четири лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, за кои немало потреба да се хоспитализираат. Пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.