Тито се врати во Титоград: Во Подгорица поставен споменик на доживотниот претседател на СФРЈ

Споменикот на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, беше поставен на булеварот „Свети Петар Цетињски“ во главниот град на Црна Гора, Подгорица, а утре ќе биде свечено откриен на одржувањето на прославата на Денот на ослободувањето на Подгорица.

На статуата на споменикот пишува: „Јосип Броз Тито 1892-1980, благодарни граѓани на Титоград и Подгорица“.

Општинското собранието на Подгорица на 30 октомври го усвои предлогот на градоначалникот на главниот град на Црна Гора, Иван Вуковиќ, за изградба на споменик во Подгорица.

Тој во таа пригода рече дека подигањето споменикот на Тито не е југоносталгија, туку доказ дека Црна Гора останува цврсто на своите антифашистички определби