Тирана: Го подржуваме дијалогот Приштина-Белград, но не се мешаме во надворешната политика на Косово

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистика партија, Таулант Бала, на седница на парламентарната Комисија за евроинтеграција, изјави дека Албанија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија.

На прашањето на демократот Алдо Бумчи, кој е ставот на неговиот партиски лидер и актуелен албански премиер Еди Рама околу „корекцијата на границите“, Бала не даде прецизен одговор, нагласувајќи дека Косово е суверена држава и оти Албанија не се меша во неговата надворешна политика.

Прашањето следува откако во последно време Рама се почесто е обвинуван дека ја подржува идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите меѓу Косово и Србија преку размена на територии.