Тинејџер во Сараево почина поради алергија на млеко

Тинејџер од Сараево почина од алергиска реакција на аминокиселина што ја испил вчера по тренинг во теретана.

Момчето, 16-годишен ученик во сараевското Средно училиште за применети уметности, имал астма и бил алергичен на млеко. Откако ја испил аминокиселината, добил алергиски напад и се загушил.

Безуспешен бил обидот на лекарите да го реанимираат.

-Аминокиселината му ја дал пријател. Не го прочитал упатството и не знаел дека таа е на база на млеко. Пиелетри деца после вежбањето, но на овој ученик му предизвикал напад поради алергијата. За жал, заврши трагично, изјавија блиски на момчето за босанските медиуми.