Тинејџери ограбени на улица во Скопје

Тројца тинејџери се ограбени во два разбојнички напади што се случија вчеравечер во центарот на Скопје. Најпрво, околу 18.20 часот, две непознати лица со ножеви во рацете пресретнале 19-годишно момче на булеварот „Паризански одреди“ и му одзеле 300 денари. Половина час подоцна, пред Трговскиот центар „Алуминка“ на идентичен начин биле ограбени две лица на возраст од 17, односно 19 години, при што им се одземени по 200 денари и часовник. Полицијата работи на идентификување на разбојниците.