Тим со пресврт против Федерер до титулата во Индијан Велс

САД- Доминик Тим успеа да го победи Роџер Федерер и да ја освои титулата на турнирот од сериите „Мастерс“ во Индијан Велс. Австриецот стигна до најголемата титула во кариерата по победата со 3:6, 6:3, 7:5.

Федерер, кој претходно овој месец ја освои титула број 100, загуби второ финале по ред во Индијан Велс, откако минатата година отстапи пред Хуан Мартин Дел Потро, и повторно пропушти шанса да стигне до рекордна шеста титула на турнирот во Калифорнија. Денешниот дуел, исто така, беше поврзан со пропуштени шанси. Швајцарецот реализира само 2 од 11 шанси за брејк.

Тим освојува титула од сериите „Мастерс“ за прв пат, откако досега имаше две загубени финалиња. 25-годишниот Австриец до крајот на минатата година беше еден од ретките со позитивен биланс против Роџер. Сега тој повторно го врати овој статус, откако статистиката е 3 победи за Тим против 2 за Швајцарецот.

Со овој успех Доминик го претекна својот ривал и од денес ќе биде четврти во светот, а Федерер петти.