Тешко повреден пешак во Куманово откако „БМВ“ удрило во него

Т.С. (18) од Куманово е тешко повреден откако вчера попладне во него удрило „БМВ“.

Како што соопшти полицијата, незгодата се случила во 15:30 часот на улицата „Перо Чичо“, пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“. Возилото било управувано од Т. Т. (1977).

Т.С е пренесен во Медицинскиот центар – Куманово каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е пратен во скопскиот Ургентен центар.

Екипа од Секторот за внатрешни работи изврши увид на местото на несреќата.