Тешки денови за Шакира: Боледува од тешко воспаление на гласните жици

ШПАНИЈА- Поп-ѕвездата Шакира поради здравствени тешкотии мора да откаже 17 настапи од европската турнеја: распродадените концерти во Германија, Франција, Холан.

Славната пејачка боледува од тешко воспаление на гласните жици и состојбата се искомплицирала, а лекувањето ќе трае долго.

“Во текот на сите овие години колку што пеам, никогаш не сум се соочила со ситуација како оваа. Не можам да го дочекам денот кога ќе се вратам на сцената и да ве слушнам како пеете со мене“, напишала во изјавата за медиумите.

Семејството овие денови и е најголема поддршка на пејачката. На Колумбијката, која со семејството живее во Барселона, Шпанија, секојдневно и доаѓа во посета медицинска сестра, а семејството се надева дека Шакира сепак нема да мора да оди на операција на гласните жици.