Тенис: Зверев преку Федерер до финалето во Лондон

Младиот германски тенисер Александар Зверев за првпат во кариерата ќе игра во финалето на завршниот Мастерс во Лондон. Тој денес во полуфиналето го победи Швајцарецот Роџер Федерер со 2:0 (по сетови 7:5, 7:6).

Противник на Зверев во финалето ќе биде победникот на вториот полуфинален меч во кој се среќаваат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон од Јужн Африка (21 часот).

Мастерс во Лондон се игра за награден фонд од 8,5 милиони долари