Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Швајцарија– Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарката Мартина Хингис се омажи за спортскиот лекар Хари Лиман. Церемонијата со 140 гости, се одржа во популарното швајцарско туристичко место „Бад Рагаз”.

Славната спортистка не ја криеше својата среќа и радост, девет месеци откако го објави своето повлекување од тенисот. Таа е добитничка на 25 Гренд Слем титули.

– Ви благодариме на честитките и искрените пораки. И ние Ви посакуваме се најдобро, објавија штотуку венчаните под фотографијата на Инстаграм.

Хингис еднаш беше во брак, а поранешниот сопруг Тибалт Хутин ја обвини неа, нејзината мајка Мелани Молитор и очувот Силвио, дека го малтретирале и тепале. Тенисерката никогаш  не одговори во врска со тој случај.