Телото како вселенски брод – Предавање на Лиса Нојберг во МСУ

Вечерва, во 20 часот во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје предавање насловено „Телото како вселенски брод“ ќе одржи Лиза Нојберг, уметничка од Малме, Шведска. Таа ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики.

Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела. Од 2014 година Нојберг е докторски кандидат на PhD-in-Practice програмата при Академијата за ликовни уметности во Виена, со истражувачки проект кој има за цел да артикулира уметничка методологија поставена во границите помеѓу перформансот и педагогијата.

Таа, исто така, редовно предава во уметничките училишта и академии во нордиските земји. Во моментов е водечки професор и координатор на Malmö Konstverkstad, а повремено работи како лице за развој на проекти во Folkrörelsernas Konstfrämjande.

Своите дела ги изложувала во Konsthall C, Trondheim Art Biennial, Signal – Center for Contemporary Art, Röda Sten, Den Frie Udstillingsbygning, Dunkers Kulturhus, Liljevalchs Konsthall, Gothenburg Art Museum, Rooseum.

„Храбро искравувајќи се во телото како вселенски брод, соочени со непозната и вознемирувачка иднина, ќе работиме на нашите вештини за колективна грижа и издржливост и ќе го споделиме нашето знаење во сесија на дишење, слушање и колективно пишување“, се наведува во најавата за предавањето.

Влезот е слободен за сите посетители.