Тевдовски: Акцизата за дизелот нема да предизвика зголемување на цените

Министерот за финансии Драган Тевдовски не очекува зголемувањето на акцизата за дизел горивото што стапи на сила од 1 јануари годинава да предизвика придивижување на цените на останатите продукти повисоки од веќе предвидените од Министерството.

– Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата. Апсолутно не очекуваме тоа да предизвика придвижување на цените кое ќе биде повисоко од нашето предвидување, рече Тевдовски одговарајки на прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.