ТВ новинарката Тања Трајковска открива: Арманд Асанте доаѓа во Скопје

Телевизиската новинарка Тања Трајковска се пофали на социјалните мрежи дека  пак се сретнала со актерската ѕвезда Араманд Aсанте (68) овој пат на Хвар, Хрватска. Пред 2о години имала можност да го интервјуира во Будимпешта, додека го реализирала проектот „Европа на дланка“ на ТВ Телма.

Во разговорот и открил дека тоа што го има на Балканот , го нема никаде на светот-рибата, климата, маслиновото масло, сирењето со тартуфи, домашниот леб, виното, убавината на жените..

Актерот и рекол дека планира да дојде и во Скопје, за потребите на документарниот филм, на кој работи, со познатиот хрватски продуцент и режисер Бранко Лустиг. Документарецот е посветен на прорерувањето на Евреите од Хрватска за време на Втората светска војна. За потребите на документарецот најверојатно и во Скопје ќе треба да се направи некоја сцена.