Тајно во Италија: Се омажи Би Шејфер, ќерката на Ана Винтур

Италија– Се омажи Би Шејфер (30), ќерката на најмоќната жена во модата Ана Винтур. По тајната венчавка во САД, на имотот на нејзината мајка во Њујорк, таа и нејзиниот избраник, Франческо Карозини (34) не можеа да ја сокријат свадбата во Италија, исто така, во тесен круг. Папараци ги фатија како излегуваат од црквата во Портофино.

Свадбата ги спои двете модни династии: Мајката на Франческо е Франка Созани, ексуредничката на италијанскиот „Вог“ која почина пред две години , а Ана Винтур е уредник на американскиот „Вог“.

Шејфер за венчавката избрала скромна венчаница во бохо стил и сандали со ниска потпетица. На венчавката присуствувале 150 званици, меѓу нив и актерот Колин Фирт и дизајнерката Донатела Версаче.