Тачи го поздрави изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент.

Тој ги пофали двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев за покажаната „визија и храброст“.

– Ова е убава вест за целиот регион и силен напор кон затворање на сите отворени прашања меѓу државите на Балканот, посочи Тачи.