Таткото на Меган: Хари помири се, јас сум ти тест

Томас Маркл, кој не разговарал со неговата ќерка Меган, војвотката од Сасекс, од венчавката со британскиот принц Хари, соопшти дека таа му недостасува, а на неговиот зет му порача да се помири со фактот дека токму тој е неговиот тест.

Томас нагласи дека би сакал неговиот однос со Меган да биде ист каков што бил порано.

– Би сакал да ги оставиме разликите зад нас и повторно да бидеме заедно. Многу ми недостигаш. Имам и една порака за Хари – јас сум ти тест, помири се со тоа, истакна Томас Маркл за британскиот весник „Сан“.

Поранешната американска актерка Меган Маркл во мај се омажи за принцот Хари, а нејзиниот татко стравува дека повеќе никогаш нема да контактира со неа.

На венчавката меѓу Меган и Хари фрлија сенка настаните околу нејзиниот татко, кој објави фотографии снимени во договор со еден папарацо.

Томас Маркл не присуствуваше на венчавката наводно поради операција на срцето.