„Танц фест“ од 4 до 23 април во МНТ

Фестивалот Танц Фест, ја најавува годинешнава програма на која ќе гостуваат исклучителни уметници и компании од Франција, Швајцарија, Словенија, Австрија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Унгарија Словачка и Македонија.

Програмата на фестивалот ќе започне на четврти април во Македонскиот народен театар со Свеченото отворање, на кое ќе биде доделена овогодниешнава награда за врвни достигнувања во областа на танцот МЕНАДА на извонредниот француски уметник Дидје Дешан.

Вечерта ќе бидат прикажани две короеграфии, првата „Орландина“ – соло танцова претстава псоветена на најдобрата современа танчерка во Словенија, Росана Хрибар и Танцовиот театар од Љубљана во кореографија на Рисима Рисимкин.

Потоа следува најновата короеграфија на младата кореографка Адријана Данчевска со Скопје танцовиот театар, под наслов „Д.О.Л:“, на оригинална музика на Александар Гроздановски, со која ќе го прославиме седмиот роденден на единствената современа танцова компанија во Македонија.

Во рамките на програмата ќе имаме уште една премиера на Скопје танцовиот театар „Егзистирање“ на 11 април во МКЦ. Премиерите на Скопје тaнцовиот театар ќе бидат прикажани на сцената на Народниот театар во Велес, на 16 и 17 Април.

Програмата продолжува со делот посветен на децата, т.е. на 13 април во Македонскиот народен театар во 18ч., за прв пат во рамките на програмата на Танц Фест ќе биде прикажана современа танцова претстава за деца и родитили, претставата  „Зик Зак Пуф!“ на швајцарската танцова компанија за деца Мафалда од Цирих. Ова ќе биде извонредна можност најмалите да уживаат во танцот, преку претстава наменета исклучиво за нив. Детскиот блок продолжува на 14 април, кога во Домот на култура во Штип ќе се одржи таканареченото „Детско гала“ на кое покрај танцови студија од Македонија, ќе настапат деца од Холандија и за прв пат деца од Кина. Во периодот од 11 до 15 април, овие деца ќе имаат можност да се дружат и да танцуваат заедно во рамките на програмата Отворена програма, поддржана од Виталија.

Од 18 до 22 април, во рамките на Танц Фест, а во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе се одржи програмата насловена „Share“ на која ќе учествуваат девет европски академии и танцови универзитети од Австрија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и македонија. Преку сто млади уемтници ќе гостуваат и ќе се дружат во Скопје и Штип, каде на сценаат на Домот за култура ќе имаме три вечери со девет танцови претстави.

Програмата ќе се затвори со гостувањето на француската компанија „Покемон“ и извонредната претстава „Silance… on tourne!“ на 23 април во Mакедонскиот народен театар во 20ч.