Танзанија: Бројот на загинати во потонувањето на траектот се искачи на 161 лице

Бројот на потврдени жртви при потонувањето на фериботот во езерото Викторија во Танзанија достигна 161 лице, соопштија властите.

Досега се спасени околу 100 лица.

Четворица нуркачи од воената морнарица влегоа утрово на потонатиот брод откако се слушнаа звуци оттаму. Сепак, не беа пронајдени преживеани.

Траектот потона во четвртокот навечер, на само неколку метри од пристаништето на Укерве, најголемиот остров на езерото Викторија. Се претпоставува дека на бродот имало над 300 лица.

Вчера танзанскиот претседател Џон Магуфули нареди апсење на одговорните за бродоломот.