Тамара и посвети песна на ќерка си Хана

Моќниот глас на поп-ѕвездата Тамара Тодевска повторно ќе ни ја разнежни душата на сите.

На својот Инстаграм профил таа објави кратко видео директно од островот Амулијани во Грција позади сетот на снимањето на видео записот за новата песна „Довидување таго“.

За новата песна „Довидување таго“, Тамара Тодевска сподели ексклузивни детали кога гостуваше во емисијата „Вечер со Тијана“, каде откри дека токму таа песна е посветена на малата Хана, нејзината ќерка.