Сѐ уште е крал на попот: Мајкл Џексон денес ќе полнеше 60 години

САД– Со безвременски хитови, спотови, концерти, танцувања и моден изглед, е ненадминат во музичката поп историја. Да беше жив Мајкл Џексон денес ќе наполнеше 60 години. Почина во 2009 во лос Анџелес од предозирање со лекови, како грешка на неговиот личен доктор. Имаше 51 година. Тој беше светски популарен, но сепак, одредени факти од неговиот живот вреди да се повторат.

Спотот за песната Billi Jean претставува првото видео од црн изведувач кое се појавило на музичката телевизија MTV. Првпат го извел неговото познато играње moonwalk на изведбата на оваа песна на 25 март 1983 г., на Motown 25-th television special.

Мајкл Џексон вкупно има продадено околу 300 милиони албуми. Албумот од 1982 г. „Thriller“ е најпродаваниот албум на сите времиња со околу 110 милиони продадени примероци.

Неговиот албум од 1995 г. „History“ е најпродаваниот двоен албум на сите времиња.

Мајкл Џексон го држи рекордот за личност со најмногу освоени Греми награди во една година – вкупно 8.

Во 1985 г. тој плати 45 милиони долари за авторските права на групата Битлси. Џексон исто така ги поседуваше авторските права за државната химна на американската сојузна држава Јужна Каролина.

Оној дел од танцот во кој Мајкл Џексон и’ пркосеше на гравитацијата, наведнувајќи се нанапред без да падне, не претставуваше резултат на трикови со камерите, туку ефект на патентираниот негов изум за чевли кој го овозможуваше таквиот вид на танцување.

Мајкл Џексон официјално признаваше само две хируршки интервенции на носот, но подоцна се откри дека вистинската бројка се движи меѓу 20 и 45. Исто така, тој страдаше од кожната болест позната под името витилиго, која предизвикува губење на кожниот пигмент.

Џексон и бројката 7: Неговите три најголеми албуми, „Thriller“, „Bad“„ и „Dangerous“, исфрлија по 7 хитови на листата top 40 hits; неговото име и презиме на англиски имаат по седум букви (Michael Jackson); роден е во 1958 година (19+57=77); почина на 25-ти јуни (2+5=7); неговите најголеми хитови, „Black and White“ и „Billie Јean“ се наоѓаа на врвот на топ листите седум недели; својот тестамент го напиша на 07.07.02 година; поменот во негова чест се одржа точно седум години подоцна, на 07.07.09 година; тој беше седмото од деветте деца во неговото семејство.