Супермоделот Лили Олдриџ е бремена со второ дете

САД- Супермоделот Лили Олдриџ (32) се пофали на социјалните мрежи дека е бремена со второ дете. Ангелот од ревиите на „Викторијас сикрет“ , родена во Kaлифорнија е мажена за фронтменот на „ Kings of Leon“ Калеб Фоловил од 2011 година. Двојката ја има шестгодишната ќерка Дикси.

Лили Олдриџ има успешна кариера и како заштитно лице на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ и на брендовите „Булгари“, Џими Чу“, како и на дизајнерите Каролина Херерра, Ралф Лорен и на Џејсон Ву.