Судот ја забрани продажбата на книгата „До атентатот и по него“ на Стојан Андов

Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со која се забранува продажбата на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров на министерот за внатрешни работи во тоа време, Љубомир Фрчкоски, поради повреда на личните права на тужителот Фрчкоски, објави „Либертас“.

Правен застапник во судскиот спор на Љубомир Фрчкоски е неговата сопруга, Ирена Фрчкоска, која за Либертас потврди дека судот донел вакво решение, и изрекол забрана за понатамошна продажба и располагање со спорната книга на Андов, по поднесена тужба за содржани клевети кон тужителот, како и предлог за времена мерка.