Судот му го укина куќниот притвор на Едмонд Темелко

Кривичниот совет му го укина куќниот притвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко кој е обвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“.

Судот го прифатил предлогот на одбраната за укинување на мерката куќен притвор, а за ова Темелко понудил гаранција во недвижен имот.

„По правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката куќен притвор ќе се укине и се уважува предлогот на СЈО со кој заради обезбедување присуство во текот на постапката му се определуваат мерки за претпазливост и тоа: Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основен суд Ресен и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.