Судир Груби – Попоски за Извештајот на ЕК

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, како што дознава Независен весник од партиски извори, се координира моментално дали да учествува на утрешната седница на Комисијата за европски прашања, на која треба да се разгледува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Причината за можниот бојкот на опозицијата е тоа што претседателот на Комисијата за европски прашања – Артан Груби од ДУИ избрзал да закаже седница, наспроти практиката расправата за Извештајот на ЕК да оди преку Националниот совет за евроинтеграции.

Со Националниот совет за евроинтеграции пак претседава пратеникот Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен Министер за надворешни работи.
Опозицијата пред две седмици го прекина петмесечниот бојкот на работата на парламентот.

Оваа седмица во парламентот се закажани неколку седници на комисии на чие чело се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

А.М.М.