Стотина рудари заглавени во косовскиот рудник „Трепча“

Околку 100 рудари останаа заглавени во јамата на косовскиот рудник „Трепча“ на длабочина од 700 метри, поради прекин на електричната енергија до кој дошло поради пожар на трафостаница во рамки на рударскиот комплекс.

Директорот за флотација во рудникот Џафер Пеци соопшти дека досега од јамата се извлечени 29 рудари, кои биле заглавени на 11-то ниво.

Според Пеци, спасените рудари се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Тој, како што јави електронското издание на приштинскиот весник „Коха“, информира дека продолжува опрецијата за спасување на преостанатите рудади и дека се очекува наскоро и тие да бидат извлечени од јамата.