Стилска промена: Сите фризури на Фатиме Фетаи

Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи (33) , ги менува фризурите и стилот на облекување, ама останува доследна на театралноста, црвениот кармин, црвениот лак на долгите нокти и драматично нашминкани очи. Како моќна фигура на судењата кои ја потресуваат и предизвикуваат внимание во македонската јавност, ја дозира и моќноста на облеката. Еднаш избира строги т.н. машки костуми во темни бои, а другпат поженствени фустани на кои не сме навикнати во судниците ниту, пак, на прес-конференциите. Нејзиниот стил на облекување ја воодушевува или ја иритира јавноста, особено ако станува збор за луксузни модни додатоци.

Во отсуство, на сега помалку експонираната колешка од СЈО, русокосата обинителка Ленче Ристоска, се забележува менувањето на фризурите на Фетаи. Обвинителката Фатиме не ја менува бојата на косата, ама ја менува должината и стилот. Ја навикнавме со боб-фризура со шишки, потоа со долга коса, па со фризура со благо прекршени локни, а сега најтазе е најшик и со најстрог изглед – со залижана коса од горе – надолу по целата должина. Муабетите, дали и понатаму Фатиме ќе нè изненадува или не, продолжуваат.

Лејла Сабит   Фото: Борис Грданоски