Стилска икона: Џоли како војвотка во Лондон

Англија– Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли (43) изгледаше кралски елегантно кога се појави на меморијална служба во катедралата Сет Пол во Лондон, со која се одбележа 200-годишнината од постоењето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ.

Избра пастелна тоалета од сатен на „Ралф и Русо“ и шапка, почитувајќи го протоколот.

Џоли не е само ѕвезда во Холивуд туку и стилска икона. На средбата со кралицата Елизабета Втора пред четири години, исто така, беше елегантна по протокол, во тоалета со истата боја.