Стилот како традиција или желба: Меланија пак ја копира Џеки Кенеди

САД– Првата дама на Америка Меланија Трамп никако да го пронајде својот стил во Белата куќа. Со својот избор или предизвикува негативни реакции или едноставно го копира успешниот моден стил на своите претходнички.

Деновиве, по слетувањето во воената база во Тусон, Аризона, Меланија предизвика внимание со едноставната бело-црна комбинација, црна блуза на бели фармерки и патики. Изборот ќе беше соодветен да новинарите не открија дека истата комбинација претходно ја носеше Џеки Кенеди, со сандали, еден ден пред свадбата со милионерот Аристотел Оназис на Скорпиос.

И во други пригоди Меланија го копираше стилот на Џеки која е една од модните икони на 20-от век. Кога влезе во Белата куќа, г-ѓа Трамп изјави дека нејзиниот стил ќе биде традиционален, како оној на Бети Форд или Џеки Кенеди.