Стилистот Бубе ин го оперираше рамото

Стилистот Љупчо Петрушевски, познат како  Бубе Ин неодамна ја направи потребната операција на рамото. За него изминатава година е една од најтешките во животот. Тој заболе од воспаление на мозокот, видно ослабе, но се уште можеше да се види на јавните настани.

Бубе јавно проговори за болеста, а со помош на донациите од своите пријатели, клиенти и хумани луѓе успеа да собере доволно средства за операција. За него беше организиран и хуманитарниот настан „Мајсторите за мајсторот“, по што Бубе замина на операција, а по успешно изведената интервенција, порача: „Се враќам на пиедесталот“.