Стивен Спилберг стана првиот режисер со заработка од 10 милијарди долари

САД – Стивен Спилберг уште повеќе си ја зацементира репутацијата како најуспешен комерцијален филмски режисер на сите времиња со тоа што стана првиот режисер што некогаш заработил повеќе од 10 милијарди долари на светскиот „боксофис“.

Неговиот нов блокбастер „Спремен играч еден“ (Ready player one) достигна заработувачка 475,1 милиони долари ширум светот од своето објавување минатиот месец, според порталот „Боксофис моџо“ адаптацијата на најпродаваниот роман на Ернест Клајн што го направи негов најпродаван филм во последнава деценија и му донесе осумцифрена заработувачка во кариерата.

Уште поважно, Спилберг води за повеќе од 3 милијарди долари пред следниот најбогат режисер на сите времиња на листата: Питер Џексон, чии филмови „Господарот на прстените“ и „Хобит” доведоа до вкупна заработувачка од 6,520 милијарди долари ширум светот.

Следен на листата е Мајкл Беј (6,451 милијарди долари), Џејмс Камерон (6,139 милијарди долари) и режисерот на серијалот филмови „Хари Потер“, Дејвид Јејтс (5,347 милијарди долари).
Најдобриот филм на Спилберг, според заработка, беше „Паркот Јура“ од 1993 година, кој заработи 983,8 милиони долари ширум светот. По него следуваа успешните „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“ во 2008 година (786,6 милиони долари) и класиката „Е.Т.“, која заработи 717 милиони долари.

Додека Спилберг е заслужен за оформување голем дел од популистичката кинематографија со филмови како „Вилици“ и серијалот филмови „Индијана Џонс“, многу од неговите најголеми хитови кои дојдоа во време пред викендите на отворање беа голем успех во боксофисот. „Кристалниот череп“ е неговото најголемо викенд-промоција, па дури и ако се приспособат бројките според инфлацијата, Спилберг има само три филма со 100 милиони долари, а другите два се од серијалот „Јура Парк”.