Стефанос Цисипас: Новата тениска ѕвезда

Стефанос Цисипас, 63. тенисер на светската АТП листа е сензационален финалист на големиот турнир во Барселона. Попладнево, со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) го совлада Карено-Буста од Шпанија. Во финалето ќе игра со победникот од мечот: Надал-Гофен.

Цисипас е 19-годишен грчки  тенисер, кој никогаш немал позначителни успеси во сениорскиот тенис, но со значителен успех меѓу јуниорите. Утре во Барселона ќе му биде првото финале во кариерата.