Старец од село Оризари изгорел жив палејќи стрниште

Старец жив изгоре во село Оризари палејќи стрниште, јавува штипската телевизија „Стар“.

Обидот да ги изгори остатоците од ланската жетва завршил кобно за 82 -годишниот Б.П. од Оризари кој починал на нивата која ја заплил со своја рака.

Пожарот е изгаснат од страна на кочанските пожарникари, а телото на старецот, по налог на јавен обвинител е предадено на семејството.