Старата љубов заборав нема: Дани и Кили во новогодишното студио на радио „Бубамара“

Актерот Кили кој е актуелен по враќањето од Еквадор и поп-пејачката Дани вчера беа гости во новогодишното студио на Радио „Бубамара„ во живо од ТЦ „Зебра“ во Скопје.

Како двојка која заедно настапуваше на доделувањата на наградите „Златна бубамара“ изминативе години, сопственикот Ранко Бубамара ги спои годинава под мотото „Старата љубов заборав нема“.

Со своите досетки, спомени и актуелни информации, гостите ги забавуваа слушателите на радиото но и граѓаните кои поминуваа низ „Зебра“.